Испечати

Парен колач со јаболка (посно)

Парен колач со јаболка (посно)

Состојки

  • 4 јаболки
  • 15 лажици вода
  • 15 лажици шеќер
  • 15 лажици гриз
  • 15 лажици брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • За шербет
  • 500 гр шеќер
  • 500 мл вода
  • 1-2 лажици сок од лимон

Подготовка

Одамна немав направено колач со шербет, па еве еден посен од мојата тетратка за посни слатки.

Подготовка
1. Јаболката ги лупиме и рендаме.
2. Сувите состојки ги ставаме во еден сад и ги промешуваме да се соединат.
3. Кон нив ги додаваме јаболката и водата. Промешуваме и смесата ја ставаме во намрсено и набрашнето тавче.
4. Печеме на 200 степени па го оставаме да излади. Го сечеме на коцки по желба.
5. Шеќерот и водата ги соединуваме и ги ставаме на рингла, да зовријат. Кога ќе почнат да се прават ситни меурчиња при варењето(околу 5 минути) го ставаме сокот од лимон и го тргаме шербетот. Со него ја полеваме тортата.

Забелешка
Доколку сте љубител на какао можете да ставите една лажица во смесата. Тортата треба да биде изладена, а шербетот жежок.