Палачинки со банани, праски и таан прелив (посни)
Состојки
- За палачинки
- 500 мл кисела вода
- 120 гр спелтино брашно
- 100 гр брашно
- 1/2 лажичка пециво
- 3 лажици масло
- 2 лажици шеќер
- Прстофат сол
- За фил
- 2 банани
- 3-4 праски
- 1/2 лимон
- 2 ванилин шеќер
- 1-2 лажици кафеав шеќер
- 1/2 лажичка цимет
- За прелив
- 1/4 чаша таан
- 1/4 чаша мед
- 1/8 чаша кокосов путер
- 1/2 лажичка ванила екстракт
- Прстофат сол
Подготовка
Кај вкусни, па и посни!
Подготовка
1. За да ги направиме палачинките ги соединуваме сите состојки освен маслото. Оставаме да отстојат најмалку 15 минути. Го додаваме маслото и пак промешуваме. Ги печеме на загреано тавче со нелеплива облога.
2. Бананите ги лупиме и ги сечкаме на кругови или на поситни парченца, по вкус.
Праските ги лупиме и нив ги сечкаме на мали парчиња.
3. Ги ставаме во сад на рингла, на ниска температура заедно со шеќерите и лимоновиот сок. Оставаме кратко да се издинстаат и шеќерот да се растопи, додаваме цимет по вкус. Го тргаме на страна филот.
3. За преливот ги соединуваме медот, таанот и растопениот кокосовото путер. На крај додаваме прстофат сол.
4. Ги филуваме палачинките со една лажичка таан прелив, 2-3 лажици од филот со праски и ги виткаме во ролат. Врз нив пак ставаме дел од филот и од преливот, па посипуваме со цимет.
Забелешка
Смесата за палачинки излегува густа па поради тоа излегуваат и подебели палачинки, кои се баш соодветни за ваков потечен прелив и фил.
На здравје !