Овошни мафини (посно)
Состојки
- 300 гр банани
- 60 гр сечкана брусница
- 50 гр сечкани бадеми
- 50 гр мелени ореви
- 50 мл масло
- 1 лажичка пециво
- 2 ванилин шеќер
- 70 гр шеќер
- 100 гр брашно
- Кора од 1 портокал
- 1/2 лажичка цимет
Подготовка
Опоен мирис на печена банана се ширеше додека се печеа мафиниве.
Подготовка
1. Рерната ја вклучуваме да ни се загрее на 180 степени.
2. Излупените банани треба да ни бидат со напишаната грамажа. Ги ставаме во блендер или Нутрибулет и ги блендираме.
3. Ги додаваме сите останати состојки и промешуваме со лажица.
4. Во калапот за мафини ги ставаме хартиените мафини. Ги полниме со смесата и тоа околу 2/3 од корпите.
5. Ги печеме во загреаната рерна додека да се испечат.
Забелешка
Идејата кога ги правев овие мафини беше да им направам и фил од банани, ама не успеав зошто многу беа вкусни и вака, па за час ги снема. Презентација на филот во некоја наредна прилика....Ги печеме додека да зацрвенат а може да пробаме и со чепкалка да идиме дали се печени. Оставете ги убаво да се изладат, зошто така многу добро се вадат од хартиените корпички. Од оваа доза излегуваат 12 вакви мафини, а ако сакате повисоки да ви бидат во тој случај полнете ги повеќе со смесата или пак направете поголема доза. Инаку и ова да го напишам, слатки се многу, едно мафинче заситува и засладува, така да ако не сакате да ви бидат многу благи намалете во шеќерот.