Ирски соден леб со јогурт
Состојки
- 3,5 чаши брашно
- 1 лажиче сол
- 1 лажиче сода бикарбона
- прстофат шеќер
- 1,5 чаша јогурт
Подготовка
Има една група на фб каде има посебна енергија и љубов како се споделуваат рецептите. Од таму ми е рецептот од една прекрасна дама. Мислев дека имам пробано лепчиња со сода, имам тука рецепт и дека нема да има разлика многу, но како стана за брзо време хит поради недостигот на квасец деновиве, решив сепак да го пробам и не згрешив. Нависитна вкусен, интересен и посебен леб. Разликата од изворниот рецепт е тоа што јас додадов прстофат шеќер. Додавањето прстофат сол или шеќер во солени или благи работи особено го подобрува вкусот, па дури и на филтер кафето (мала тајна). И уште една работа... барем за мене, особено е вкусен следниот ден, односно добро изладен и со малку убаво можи да се најади човек.
Измешајте ги сувите состојки, додадете го јогуртот и замесете тесто.
Формирајте го во топка и засечете го накрсно. Доволно е на едне крст, но јас решив да си поиграм вака.
Набрашнете го убаво насекаде и ставете го да се печи на 220С околу 35 мин.
Јас пробав да ставам семки одозгора бидејќи не ми ги сакаат внатре во лебот, но од брашното тие не стојат баш добро, па оние кои ги притиснав малку во тестото и тие кои влегоја во зарезите колку-толку се задржаа на лебот. Значи, кој сака можи во тестото внатре да стави и семиња исто така.