Испечати

Печен пура бурек

Печен пура бурек

Состојки

  • 13 кори триаголни за пура пита, бурек
  • 500 гр. свежи шампињони
  • 1 главица кромид
  • на вкус сол и мелен црн пипер
  • 2 дл. пилешка супа од коцка
  • 3 лажици кисела павлака
  • по потреба масло

Подготовка

Овој пат се одлучив за печена варијанта, а ќе се проба и пржената.)))

Секоја корасо четче се премачкува со малку масло, се става од филот, се витка.
Се редат во намрсена тава, се премачкуваат со масло и на печење на 200 додека поруменат, во претходно загреана рерна.

За филот
Се пржи ситно сецканиот кромид со сол, се додаваат сецканите печурки, се пржи додека испари водата што ја пуштаат.
Потоа се налева супата, се додава мелен црн пипер и се динста додека супата испари.
Се трга од оган, се лади, се додава киселата павлака.

Другата половина од корите ја направив со изварка и јајце.(Во паковањето има од 26-28 кори.)
Двата вида превкусни, меки како душа.

На здравје!