Брз кекс (посно, без печење)
Состојки
- 250-300 гр. бисквити (посни)
- 200 гр. црно чоколадо (посно)
- 150 гр. маргарин
- 2 лажици интегрален сусам (Натура)
- 3 лажици сечкани ореви
- 1 пакување микс од овошје и јатки (Натура)
- 50 гр. сушена брусница (Натура)
- 100 мл. сок од портокал
- за декорација
- 50 гр. бело чоколадо (посно)
- 2 лажици масло
- по потреба чоколадни трошки
Подготовка
1. Во сад ги кршиме бисквитите, ги ставаме интегралниот сусам, брусницата, сечканите ореви, миксот од овошје и јатки (сите од Натура).
2. Го тураме сокот од портокал (јас користев купечки, а може и свежо исцеден).
3. Во тенџерче ги топиме маргаринот и чоколадото (се топи без да проврие),
и смесата ја истураме во претходното.
4. Со лажица мешаме убаво да се изедначат состојките, а после смесата ја ставаме во калап по желба. Јас користев пластична кутија 17х17 см која ја обложив со најлонска фолија.
5. Кексот се остава да излади во фрижидер, стегнат се става на чинија, се прелева со истопено бело чоколадо и масло. Се ставаат чоколадни трошки, коцки чоколадо, брусница и се друго по желба.
Брзо, лесно и посно, а богами и вкусно.