Испечати

Необична салата

Необична салата

Состојки

  • 1/4 страк праз
  • 2-3 моркови
  • 10 маслинки
  • За дресинг
  • 5 лажички маслиново масло
  • 1 лажичка сенф
  • Бибер по вкус

Подготовка

Никогаш немаше да ми текне комбинацијава. Сопругот ја измисли, а знаете кој е најдобриот дел? Малите деца наши со сласт ја јадат!

Подготовка
1. Морковот го рендаме, празот го сечкаме на тенки кругови.
2. Маслинките ги сечкаме ситно и има ја отстрануваме семката.
3. За дресингот ги соединуваме состојките и ја залеваме салатата.

Забелешка
Ако не ви се солени маслинките додадете сол во салатата. Количината на состојките за дресинг како и за салатата си ги одредувате сами, по вкус и желба.