Натура орасници (посно)
Состојки
- 100 гр Натура мусли со тропско овошје
- 350 гр мелени ореви
- 150 гр сечкани ореви
- 50 гр сечкан Натура сув ананас
- 50 гр Натура микс од јаткасто и суво овошје
- 10 лажици вода од леблебија во тегла
- 250 гр шеќер
- кора од 1 портокал (по желба)
- 1 лажица сок од лимон
Подготовка
Совршени посни орасници....Кој би рекол дека се посни, домашните воодушевени...Вистинска делиција!
Подготовка
1. Најпрво почнуваме да ја матиме водата од леблебија. Потоа додаваме постепено шеќер во прав и продолжуваме да матиме. Кога ќе згусне при крајот на матењето додаваме сок од цеден лимон.
2. Во шлагот додаваме мелени ореви, сечкан сув ананас и сечкано суво овошје и јаткасти плодови како и кора од портокал.
3. Ја соединуваме смесата и формираме прачки кои ги валкаме во сечкани ореви.
4. При пренесување во тавче формираме потковици.
5. Ги печеме на околу 100 степени со вентилатор.