Испечати

Полнети шампињони со кајмак

Полнети шампињони со кајмак

Состојки

  • 500 гр. свежи шампињони
  • 80 гр. чаден свински врат
  • 80 гр. печеница
  • 100 гр. кашкавал
  • 100 гр. кајмак
  • по потреба масло (сончогледово или маслиново)
  • на вкус оригано

Подготовка

Се мијат печурките, се лупат, се вадат дршките. Тие не ни требаат.
Се редат на кујнска хартија.
Се спрема филот.
Се’ се сецка и меша со кајмакот и ориганото.
Се полнат капите и се редат на хартија во тава.
Се попрскуваат со масло.
Се печат на 200 околу 30 мин. во загреанан рерна.
Уживајте! -)
П.С. Во однос на миењето на печурките, кој како си практикува.Некои луѓе ги тријат т.е. бришат со сунѓерче..Ама, мене не ми е баш тоа...растат на влага, со земја и итн...