Испечати

Пилешки копанчиња со разновиден зеленчук и бело вино

Пилешки копанчиња со разновиден зеленчук и бело вино

Состојки

  • 1 кгр кратки пилешки копанчиња
  • 1 кгр компир
  • 2 моркови
  • 1 страк праз
  • 1 грст грашак
  • 1 мало парченце пашканат
  • 2-3 лажици масло
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 лажиче бибер
  • 1/2 лажиче триена сол
  • 1/2 лажиче зачин
  • 50мл бело вино
  • 50 мл вода или бујон

Подготовка

Вкусен, шаренолик ручек, кој и не одзема многу време за подготовка.

Прво копанчињата ги миеме и ги зачинуваме со сол, бибер, зачин.
По сопствен вкус може тука да се додаде кари, куркума, буковец.....
Сега зеленчукот го лупиме и го сецкаме на покрупни парчиња.
Во пекачот каде ќе печиме налеваме масло.
Го додаваме крупно сецканиот зеленчук, освен грашокот и пржиме околу 3-5 минути со повремено промешување.
Го додаваме и грашокот и зајрето го зачинуваме.
Ги ставаме копанчињата на постелата од зеленчук, налеваме вода и бело вино.
Протресуваме и го покриваме пекачот.
Го ставаме во загреана рерна на 180 с да крчкааат околу 1 час.
Ако има потреба со отворен капак запекуваме уште 10-15 минути за да заруменат.
Сервираме со сезонска салата.
На здравје