Чоколадна торта со ананас (посно, без масло)
Состојки
- 150 мл исцеден сок од портокал
- 1 лажица јаболкова киселина
- 2 јаболка сос
- 200 мл врела вода
- 2 чаши брашно (чаша од 250 мл)
- 1 и 1/2 чаша темен шеќер од Натура
- 3 лажици какао
- 2 лажички прашак за печиво
- 1 лажиче сода
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
- сушен ананас Натура по желба
- Крем
- 150-160 мл вода од наут (од конзерва)
- 200 гр црно чоколадо
- 1 лажица сок од лимон
- 3 лажици темен шеќер од Натура
- мармалад од праски
Подготовка
Вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени.
Исцедете 150 мл сок од портокал. Ставете ја јаболковата киселина.
2 средно големи јаболка излупете ги и исчистете ги па блендирајте ги додека се сторат каша.
Ставете ги во портокалот.
Потоа постепено додајте го брашното, какаото, шеќерот, пецивото, содата, ванилата и убаво промешајте. Додајте го ананасот.
Загрејте ја водата до вриење и турете ја во смесата. Обложете калап за торта (22 цм) со хартија, ставете ја смесата и печете отприлика четириесетина минути на 180-200 степени. Ако е потребно негде при крајот покриете го со фолија, да не изгори горниот дел.
Кога ќе се олади пресечете го на две кори.
Долната најпрво премачкајте ја со мармаладот од праски, ставете половина од кремот, другиот дел од кексот и одозгора премачкајте ја со преостанатиот крем. Украсете со рендано чоколадо или по ваша желба.
За кремот, прво стопете го чоколадото па оставете го да се излади.
Водата од наутот измиксирајте ја, отприлика дестина минути, па продолжете со миксирање постепено додавајќи од шеќерот и лимоновиот сок. На крајот додајте го чоколадото и со шпатула измешајте го.