Испечати

Лебчиња со димен кашкавал (без квасец)

Лебчиња со димен кашкавал (без квасец)

Состојки

  • 200 мл јогурт
  • 180 гр кисела павлака
  • 5 супени лажици масло
  • 1 кафена лажица сол
  • брашно по потреба
  • димен кашкавал по потреба
  • 1 јајце
  • 2 прашок за пециво

Подготовка

Меки и многу вкусни лебчиња. Топло Ви ги препорачувам, многу брзо се подготвуваат.

Подготовка

1. Во длабок сад ставете ја павлаката, јогуртот, солта, пецивото, маслото и промешајте убаво.
2. Постепено додавајте брашно и замесете меко тесто, нелепливо.
3. Во друг сад, изрендајте димен кашкавал и додадете едно јајце. Промешајте.
4. Од тестото прво направете топчиња, потоа расплеснете ги малку.Наредете ги во набрашнета тава.
5.На секое топче ставете од смесата со димениот кашкавал
6. Печите на 200 степени околу 20 минути
Добар апетит

Забелешка
Одозгора можете да додадете ким, сусам, буковец