Свежа салата со дресинг од краставица
Состојки
- 250 гр сирење фета
- 1 ајсберг салата
- 200 гр посебна салама
- 200 гр шери домати
- 1 шишенце јогурт дресинг од краставица
Подготовка
Салатата ја миеме лист по лист и ја сечкаме на ленти. Салама исто така ја сечкаме на тенки ленти.
Помешуваме во еден длабок сад.
Шери доматите ги сецкаме на половинки и тие ги додаваме во садот.
Сирењето се сецка на ситни коцки ако е тврдо,а ако не се рони на поголеми парчиња.
Вака подготвената салата благо се промешува.
Посолуваме и наросуваме бибер.
Јас не ставам балсамико,но мојата ќерка си става во чинијата.
Налејте јогурт дресинг.
Ние користевме со примеса на краставица.
Нека ви е слатко.