Рибја чорба од крап
Состојки
- 200-300 г риба
- околу 2 литри вода
- 1 поголем морков
- 1 помал пашканат
- 1 корен целер заедно со зелениот дел
- вегета и црн бибер
- 1-2 лажици брашно
- 1 жолчка
- фиде по потреба
- свеж магдонос
Подготовка
Рибја чорба освен што е една од најдобрите групи на овие простори, исто така е и една од највкусните чорби на овие простори. Првпат ја правев дома со преспански крап. Ем здрава ем вкусна, особено во комбинација со домашно макало од лук и домашно лепче, прсти да излижеш.
Подготовка
Прво ставете ја исчистената риба да се вари во вода заедно со исчистените зеленчуци (морковот, пашканатот и целерот).
По околу 30-40 минути, извадете ги настрана зеленчуците, а рибата во друг сад. Нека се подоладат малку, а за тоа време ставете фиде во течноста да се вари.
Морковот исечкајте го и вратете го во течноста, пашканатот и целерот испасирајте ги преку цедалка.
Рибата исчистете ја и чистото месо вратете го искинато на парчиња.
Додадете зачини по вкус, а настрана изматете во ладна вода 1 или 2 лажици брашно, зависи колку течност имате и додадете 1 жолчка. Измешајте убаво и оваа мешавина додадете ја во чорбата со постојано мешање.
Оставете да повари уште неколку минути.
Сервирајте ја жешка и наросете свеж магдонос директно во чиниите.
На здравје