Колаче со овесни снегулки (посно)
Состојки
- 300 гр. овесни снегулки од Натура
- 100 гр. суво грозје
- 125 гр. маргарин
- 1-2 лажици мед - може и без него
- 1 ванила
- 200 гр. свежи урми (обезкостени)
- 1 банана
Подготовка
Вкусно енергетско колаче. Топло ви го препорачувам.
Една третина, значи 100 гр. од овесните снегулки се мелат во нутрибулет.
Во еден сад се ставаат мелените и целите овесните снегулки и сувото грозје.
Маргаринот, (а може путер, но тогаш нема да ни е посно колачето) со медот и ванилата се топат на оган и веднаш додека се жешки се истураат врз овесните снегулки. Се’ убаво се меша.
Урмите и бананата се блендираат и се додаваат на смесата. Се изедначува.
Во калап со пречник од 26 цм., обложен со хартија се распоредува смесата.
Се става да се печи во загреана рерна 15 мин. на 180 степени.
Нека излади и сечете во саканите форми.
На здравје!
*Медот може да се изостави, бидејќи колачето има блажина и од другите состојки.