Зелник со коприви (посно)
Состојки
- 600 гр. бело брашно
- 100 гр. интегрално брашно
- 2 лажичиња сол
- 1 лажиче шеќер
- 7 гр. сув квасец
- 1 лажица вински оцет
- 5-6 лажици масло
- по потреба топла вода
- 250 гр. маргарин за премачкување
- За фил
- 500 гр. млади коприви
- 2 страка праз
- 2 лажици брашно
- 2 лажици буковска пипер
- 1 чаша вода
- по потреба масло и сол
Подготовка
Пролетта е на прагот.А, овој зелник е баш пролетен и нам омилен.... )))
Се мешаат сувите состојки, без да се активира квасецот, се додаваат течните и се замесува средно меко тесто.Убаво се изработува.
Се остава тестото да одмори 10 на мин..
Се дели на два дела, еден поголем, друг малку помал.
Се отвораат правоаголни кори.Се прамачкуваат со половинки од вкупната количина на маргарин, малку се остава за премачкување на плехот и одозгора.
Се сечат ленти.Се ролаат.Кога ќе се свитка еднаталента, се става во втората и заедно се ролаат.Малку се потсплеснува добиеното тесто и се става во длабоко замрзнување од 30-60 мин..
Потоа се отвора кора-долна од поголемиот дел, се става во плехот, па се става фил и од другиот дел се отвора поголема кора за да може да се набери при ставањето во плехот.Се премачкува со маргарин.
Се печи во загреана рерна на 220 степени додека убаво порумени.
За филот
Копривите ги чистиме, миеме убаво под млаз вода и ги ставаме на оган со вода колку да ги покрие, да се обварат. Штом зовријат, нека поварат малку. Потоа ги цедиме од водата.
(Водата не ја фрлајте, употребе ја за плакнење на косата после миење, за зајакнување на коренот на влакното, против опаѓање на косата-мал совет...)))
Празот ситно го сецкаме и пропжуваме на масло со сол. Ги додаваме копривите. Се заедно пржиме-динстаме. Додаваме уште малку сол. Кога ни се пржени, додаваме брашно, убаво мешаме, додаваме пипер и тоа на кратко да пропржи, па ја налеваме водата. Кратко нека прокрчка. Ги вкусуваме за сол, ако треба додаваме.
Ладен го ставаме врз кората.
На здравје!