Испечати

Француски леб

Француски леб

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 1 лажица масло
  • 1 кафена лажичка сол
  • 1 кесичка сув квасец
  • 170 мл млака вода
  • За згора
  • масло, сол,брашно

Подготовка

Рецептов за лебов ми е од кај Лорејн Паскал.Кај неа беше-Француски жито леб.
Во сад се мешаат сувите состојки, се додава маслото и водата.
Тестото убаво се меси околу 10 минути. Се формира како топка и се остава да скисне. Времето на киснење е релативно, ама најдобро ќе проверете дали лебот е скиснат доколку со прст го притиснете тестото и тоа до половина се врати во првобитната состојба.
За подобро да скисне лебот го покриваме со најлонска фолија намачкана со масло.
Кога лебот е скиснат го мачкаме со масло, сол и наросуваме со брашно.
Го печеме половина час на 200 степени и уште околу 10 минути со исклучена рерна.
*ова е мала доза од прилика за едно семејство за еден оброк.
На здравје!