Испечати

Чорба со прокељ и брокула- зеленчукова чорба

Чорба со прокељ и брокула- зеленчукова чорба

Состојки

  • 1 главица кромид или 1/3 страк праз
  • 1 поголем морков
  • 6-8 главички прокељ
  • 1 китка брокула
  • 2лажици маслиново масло
  • 2лажици магдонос
  • 1 рака фиде
  • малку пашканат
  • 1/2лажиче сол
  • 1/4лажиче бибер
  • 1лажица сок од лимон
  • 1/4лажиче зачин
  • околу 1,5 л вода или бујон

Подготовка

Превкусна, зеленчукова крем супа е мојот денешен предлог.
Ако користите посно фиде, може да имате и посен оброк.

Во касерола ставаме масло.
Во садот на нутрибулет ги сецкаме пашканатот, морковот, кромидот.
Нив ги додаваме на умереното загреано маслиново масло.
Пржиме 1-2 минути.
Налеваме вода или бујон.
Додаваме сосема малку зачин, сол, бибер.
Сега главичките прокељ ги чистиме од надворешните ливчиња, ги миеме и сецкаме на парчиња.
Ги додаваме во садот кој е на оган.
Вариме околу 10 минути.
Цела смеса ја поминуваме со стапчест миксер, за помазна структура, но не е грешка и ако се прескокни овој чекор.
сега додаваме фиде и брокула.
Нека вари уште 4-5 минути.
Тргаме од оган па додаавме сок од лимон и сецкан магдонос.
послужуваме.

По ваш избор може да додадете целер, компир....