Испечати

Зачинети пилешки крилца од апарат со топол воздух

Зачинети пилешки крилца од апарат со топол воздух

Состојки

  • 1 лажица пипер црвен
  • 2 лажици брашно
  • 1 лажица лут црвен пипер
  • 1 лажица лук во прав
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка црн бибер
  • 1 лажиче пециво

Подготовка

Како да го искористите убавиот апарат на топол воздух.
Подготвувам многу храна, но денес ќе пратам рецепт за моите вкусни крилца.
Ги помешуваме сите суви состојки во еден сад.
Крилцата се чистат и се сецкаат на делови.
Исчистените делови убаво се мијат и се ставаат во стаклен длабок сад, каде се наросуваат со горе помешаната смеса.
Ги вртиме убаво од сите страни да се премачкаат.
Ја ставаме прво половината од смесата, па промешуваме.
Оставаме 5 минутки, па пак попрскуваме од смесата.
За крај ги попрскуваме со многу малку маслиново масло, онака да се попрскаат од горе. Промешајте ги и ставете ги во апаратот на топол воздух. Јас ги ставив на 200 степени, 20 минутки.
Повремено промешував да не загорат на некој делови.
Ставете си чаша пиво и уживајте во убавинава.
На здравје