Испечати

Mоите кроасани

Mоите кроасани

Состојки

  • 1 кг брашно
  • 500 мл млеко
  • 2 јајца
  • 2 сув квасец
  • 180 мл масло
  • 5 лажици шеќер
  • 1/2 лажичка шеќер
  • 250 гр ладен путер
  • крем или мармалад за полнење
  • За премачкување
  • 1 јајце
  • 2-3 лажици млеко

Подготовка

Го замесуваме тестото,го делиме на четири дела ,топки, кои ги оставаме да отстојат околу10-15 минути. Секоја топка ја расукуваме и на неа рендаме 1/4 ладен путер. Ја засекуваме од страна и секое расечено парче го преклопуваме едно врз друго. Топката од намачкано тесто ја расукуваме. Ја сечеме на 6 -8 триаголници, на секој ставаме крем или мармалад и ги виткаме во кифли. Ги ставаме во тавче и ги оставаме да стасаат околу 50 минути. Ги премачкуваме со разматено јајце во млеко.Ги печеме во загреана рерна  на околу 200 степени до поцрвенување.