Испечати

Зебра колач со брусница и ананас (посно)

Зебра колач со брусница и ананас (посно)

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 12 гр. пециво
  • 5 гр. сода бикарбона
  • 2 ванили
  • 300 гр. шеќер
  • 250 мл. масло
  • 350 мл. газиран сок со вкус на круша
  • малку екстракт од круша
  • 100гр. сушена и засладена брусница на Натура
  • 100 гр. сушен и засладен ананас од Натура
  • 1 лажица просеано какао

Подготовка

Мошне вкусен колач во кој се преплетуваат вкусови на брусница, ананас, круша.
Посен, декоративен, многу ровит и едноставен за подготовка.
Топло ви го препорачувам.

-Се мешаат сувите состојки - брашното, пецивото, содата, ванилата, шеќерот.
Се додаваат течните - маслото, сокот, екстрактот.
Се миксира.
Се остава да стои 30 мин., со повремени мешања.
Се дели на два дела.Во едниот се додава брусницата помешана со малку брашно, а во другиот какаото и ананасот, исто помешан со малку брашно.Се меша убаво.

Во калап бр. 28, на хартија, наизменично се става од светлата, па од темната смеса.

Се печи во загреана рерна на 180 степени околу 30 мин., или до сува чепкалка.

На здравје!