Испечати

Гибаница со пченкарно брашно

Гибаница со пченкарно брашно

Состојки

  • Состојки
  • 1/2 кг кори
  • 4 јајца
  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1,5 чаши јогурт
  • 1/2 чаша зејтин
  • 200 гр сирење или урда
  • 1 лажичка сол
  • За поросување малку сусам

Подготовка

Ако сакате брз и вкусен појадок,овој рецепт вреди да се проба.
Се матат со миксер 4јајца и 1 лажичка сол.Кон ова се додава пченкарното брашно,јогуртот и зејтинот и пак се мати кратко со миксер.Плехот во кој ќе ја печеме гибаницата се премачкува со зејтин.Се ставаат три кори врз плехот една преку друга, така што да го обложат плехот и да излезат надвор од плехот.Тргаме 3 кори на страна ,а секоја од останатите ја намакуваме во филот и згужвана ја ставаме врз плехот.Така правиме и со останатите.Намакуваме и ставаме згужвана во плехот.Врз корите го ставаме сирењето или урдата.Последните3 кори ги ставаме незгужвани врз гибаницата.На крај со краевите од првите 3 кори ја покриваме целата гибаница.Со остатокот од филот со четка ја премачкуваме гибаницата и поросуваме со сусам.Ја печеме во загреана рерна на 180 степени 35 минути.
Чашата со која се мерат брашното,јогуртот и зејтинот е од 200 милилитри,а гибаницата јас ја печев во округол плех број 28.