Испечати

Колач со јаболка и суво грозје

Колач со јаболка и суво грозје

Состојки

  • 2 јаболка
  • 100 гр суво грозје
  • 4 јајца
  • 250гр шеќер
  • 200мл масло
  • 100 мл млеко или сок
  • 1паковка пециво
  • 300гр брашно

Подготовка

Мојот омилен појадок и десерт.
Еве ја постапката
Јаболката ги лупиме и сецкаме на парчиња.
Ги мешаме со цимет шеќерот и сувото грозје.
Во друг сад ги матиме пенесто јајцата и шеќерот.
Јас матев навистина долго, така што добив многу густа смеса.
Потоа додадов масло, млеко, потоа брашно, пециво...
Готовата смеса ја префрламе во намастен и набрашнет сад.
Ставаме ред смеса, ред фил од јаболка и суво грозје.
Така ја трошиме цела смеса и ставаме да се пече.
Ја оставив подолго да се пече, на почетокот во многу загреана, а потоа на 160 степени 30 минути.Готовата и вкусна тортичка,ја оставив да излади.
Потоа ја наросив со шеќер во прав.
За мене едни од омилените тортички се овие сувите, иако оваа е сочна и мека.
Јас искрено ги користам за појадок со чаша млеко или чај.
На здравје