Испечати

Бројсов чај

Бројсов чај

Состојки

  • 1 лажица жалфија
  • 500 мл вода
  • прстофат нане
  • прстофат мајчина душица
  • прстофат кантарион

Подготовка

Долго време се дружиме овде, но не знам дали сум ви кажала дека сум голем љубител на чаеви.
На денешно време има секакви чаеви, но тие што ги береше тато, се’ уште ми мирисаат и ги чувствувам, од самата помисла.
Имам уште нешто од тоа што ми исушил, но повеќето ги купувам свежи, па мешам.
Овој чај редовно го пиев дома во Мк, но,кога најдов и овде жалфија почнав и тука да го употребувам.
Жалфијата се мие и се става во емајлиран сад.
Ако ставите свеќа, ставете неколку гранчиња, две до три. Ако ставате сува жалфија ставете 1 лажица полна. Додадете 500мл вода и оставете да се вари 10 минути.
Исклучете и тргнете од огин.
Додадете ги останатите билки и добро промешајте.
Поклопете убаво со капак и оставете да отстојат околу 10 минути.
Конзумирајте го топло.

Забелешка
Можете да додадете и маточина. Јас ја немав, па го направив без неа.
Овој чај е толку многу лековит и се користи кај кардиоваскуларни заболувања, како и болестите на органите за варење.