Испечати

Млечна сусам салата со бадеми

Млечна сусам салата со бадеми

Состојки

  • 200 гр козјо сирење
  • 250 гр урда
  • 150 гр бадеми
  • 100 гр сусам
  • 1 краставица
  • 300 гр кисела павлака
  • 4 лажици мајонез

Подготовка

Сирењето го рендаме. Сусамот го потпекуваме на оган. Бадемите ги потпекуваме кратко и ги мелеме во блендер или Нутрибулет. Краставицата ја лупиме и ја сечкаме на ситни коцки. Сите состојки ги соединуваме и салатата ни е спремна за дегустација.