Испечати

Млечен брз куглоф

Млечен брз куглоф

Состојки

  • 60 гр путер
  • 397 гр засладено кондензирано млеко
  • 4 јајца
  • 120 гр брашно
  • 1 лажица пециво
  • 100 гр изрендано јаболко

Подготовка

Многу интересен колач, необично вкусен, сунѓерест, а брзински направен. За да биде навистина брзински како што кажувам, треба дома да си имате готово спремно кондензирано млеко кое може да си го направите, а јас користев купечко. Додека го печев имаше реакции од типот, нема да е чоколаден, сув ќе биде, не сакаме вакви колачи итн. Јас одамна го меркав да го направам и решив ќе го правам, ама и не згрешив. Воодушевени беа сите што го пробаа, а го пробаа само моите деца. Маф го направија, па го повторивме делото. Среќа што оваа година си набавив повеќе кондензирано млеко, па очекувајте уште нови рецепти со него.

Подготовка
1. Ја вклучуваме рерната на 190 степени да ни се загрее.
2. Путерот заедно со кондензираното млеко го матиме со миксер. Ги додаваме јајцата, едно по едно. Значи едно јајце, па матиме, го соединуваме, па второ јајце, матиме соединуваме, така со сите.
3. Ги додаваме брашното и пецивото кои претходно сме ги соединиле.
4. Лесно промешуваме , па го додаваме јаболкото, излупено и изрендано, пак лесно соединуваме.
5. Во намрсен со стопен путер и набрашнет куглоф ја истураме смесата.
6. Печеме околу20-25 минути во зависност како ви пече рерната. Пробајте со чепкалка да видите дали е сува, ако е сува, печен е.
7. Откако ќе го извадите од рерна оставете го околу 15 минути да постои во модлата, полесно се вади.
8. Превртете го и наросете со шеќер во прав или прелијте го со чоколаден прелив.