Чоко Американски палачинки со нутела и прелив од јагоди
Состојки
- прелив од јагоди
- 400гр замрзнати јагоди
- 2-3 лажици шеќер
- 1 лажиче сок од лимон
- смеса за палачинки
- 2 јајца
- 2 лажици шеќер
- некое зрно сол
- 2 чаши брашно
- 1/2 чаша кисела вода
- 1 и 1/2 чаша млеко
- 2 лажици масло
- 4 лажички какао, квалитетно
- 1 лажиче пециво
- нутела по потреба, околу 4-5 пооолни лажици
- мелен орев, прелив......
Подготовка
Кога ви треба нешто многу вкусно, брзо,....еве ја идејата.
За секунда ќе ви се промени и вашето расположение, секако на ведрата страна..
Најпрво го подготвуваме преливот од јагоди.
Тој нека си крчка на тивко додека ги пржиме палачинките.
Во касерола ги ставаме замрзнатите јагоди, лимон, шеќер, може и да се додаде по ваш вкус.
Промешуваме повремено и вариме скоро додека не испари цела течност.
Во еден сад ги соединуваме јајцата, млекото, киселата вода, сол, шеќер, масло, брашно, пециво и просеано какао.
Тоа може најбрзо да се соедини со миксер.
Сега на умерен оган, никако на јак, поради тоа што може и да изгорат при пржењето поради темната боја, ставаме 2-3 капки масло.
Со кутлача ставме по 4 мали купчиња.
Кога на површината ќе се направат меурчиња, ги превртуваме.
Веднаш додека се топли ги сервираме во мали тајнирчиња.
Прво се става една палачинка, лажиче нутела, лажиче прелив од јагоди, пак палачинка, нутела, прелив од јагоди...
На едно купче пожелно е да има од 4-5 палачинки.
Најгоре ставме прелив од јагоди, ливчиња нане, по желба мелен орев и послужуваме.
Користена е чаша од 200 мл