Џери колач
Состојки
- 5 јајца
- 5 лажици шеќер
- 1/2 чаша (200 мл) масло
- 1 чаша (200мл) мелени ореви
- 4 лажици гриз
- 4 лажици мелена гранола (или можи мелени бисквити или презла)
- 4 лажици брашно
- 1 пакетче прашок за печење
- Шербет
- 700 мл вода
- 700 гр шеќер
- 2 пакетчиња ванилин шеќер
Подготовка
Овој колач немаше име кога го добив рецептот, па така, кога ја извадив фотографијата на мојот фб профил, на еден пријател толку му се допадна што му го дадовме ова име. За таа почест колачов дури и со посветена песна се здоби Ч))
Најпрво се вари шербетот за да има време да излади додека се спреми колачот.
Се ставаат водата и шеќерот да зовријат и се оставаат на умерена температура да врие 10 минути.
Ванилиниот шеќер се става кога ќе се тргни од шпоретот.
Се трга на страна да олади.
Јајцата и шеќерот убаво се матат до згуснување.
Се намалува микерот на мала брзина и се додаваат прво течните состјки, па потоа со шпатула се мешаат сувите.
Во намастена нелеплива тепсија 20х30 се истура смесата и се печи на 160 степени додека фати убава кора одозгора и страните се одделат малку од рабовите.
Колачот се остава 10 минути и потоа се прелива со оледениот шербет.
По 3-4 часа е спремна да се служи.
Послужете со шлаг одозгора и јатка орев. Така убаво украсена дополнително ќе го разубавите неговиот одличен вкус.