Испечати

Ароматична Мињон торта

Ароматична Мињон торта

Состојки

  • За изработка на една кора, а потребни се три
  • 300 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 200 мл масло
  • 3-4 моркови
  • 1 ванилин шеќер
  • 15 гр пециво
  • 1 лажичка цимет
  • 1 лажичка рум екстракт
  • Сок од 1 и ½ портокал
  • Кора од 1 портокал
  • За фил
  • 250 мл вода
  • 300 гр шеќер
  • 250 гр лешници
  • 350 гр ореви
  • 200 гр посно чоколадо
  • Сок од ½ портокал

Подготовка

Нели мама ги исполнува желбите на своите деца, па овогодишната роденденска торта за Теодор ни беше украсена со мињон кој го изработив со фондан.
За пандишпан
Морковите се рендаат на ситната страна на рендето.Сите состојки се ставаат во еден сад и убаво се мешаат со лажица. На намрсена и набрашнета тава се истура смесата и се пече во загреана рерна на 180 степени со вентилатор.
За фил
Го ставаме шеќерот и водата да зоврие, нека врие неколку минути. Ги додаваме мелените ореви и лешници, промешуваме и на крајот го додаваме чоколадото да се стопи. Промешуваме и ја оставаме смесатада олади. Редиме кора, фил, кора, фил, кора. Бидејќи тортата беше украсена со фондан одозгора не ја филував со фил туку направив густ пудинг, ја премачкав во тенок слој за да не ми се топи фонданот, а да се залепи, па ја посипав со кокосово брашно на оние места каде немаше фондан.

Забелешка
Највкусна е ако се направи еден ден пред да се сече, за да се поврзат вкусовите. Корите ги печев во Делимано големата тава за печење.Откако ја исфилував ја оставив да упие фил и потоа и ги отсеков краевите за да биде еднаква насекаде. Со оваа доза на фил имаме да ја филуваме тортата само внатре, за одозгора ставав фондан и не ми беше потребно повеќе фил. При изработката на филот овој пат ја стопив чоколадата прво во шербетот, па ги додадов мелените ореви и лешници.