Испечати

Мини хроно пици (посно)

Мини хроно пици (посно)

Состојки

  • 100 гр интегрално пченично брашно
  • 50 гр ржано брашно
  • ½ лажичка сол
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 чајна лажичка пециво
  • 2 лажички куркума
  • 100 мл кисела вода
  • За фил
  • 3 млади кромидчиња
  • 6 лажици ајвар
  • 6 маслинки

Подготовка

Хроно пецивата се добри и брзо се прават зошто кај нив нема стасување. Месиш филуваш печеш. Толку. Спремни и готови за појадок или вечера.

Подготовка
1. Сите суви состојки за тестото се соединуваат.
2. Го додаваме маслиновото масло и постепено киселата вода. Мешаме со лажица.
3. Кога тестото ќе стане доволно густо го замесуваме со рака.
4. На набрашнета површина го расукуваме тенко(околу 5 мм) и со соодветен калап или чаша сечеме кругови.
5. За филот ситно го сечкаме кромитчето, па додаваме сечкани маслинки и на крај соединуваме со ајвар.
6. Калапот за мафини го намрсуваме и набрашнуваме. Ги ставаме круговите тесто во него.
7. Секое тестенце го полниме со филот.
8. Ги печеме во загреана рерна на 180-200 степени околу 20 минути.

Забелешка
Големината на круговите од тесто треба да ни биде колку што е кругот на калапот за мафини или малку поголем(во зависност какви калапи имате). Од оваа доза ми излегоа десет вакви мини пици.