Хељда со млеко (украинска кујна)
Состојки
- 100 гр хељда
- 200 мл млеко
- 3 лаж шеќер
- 20 гр путер
Подготовка
Хељдата измијте ја со вода.
Ставете во тенџере додајте 300 мл. вода и варете додека не изврие сета вода.
Млекото стоплете го.
Во чинија послужете ја хељдата, додајте топло млеко, шеќер по вкус и ставете лажиче путер. Промешајте.
Многу едноставно, а и вкусно.
Добар апетит!