Испечати

Мафини со хељда брашно

Мафини со хељда брашно

Состојки

  • 3 јајца
  • 100 гр бело брашно
  • 100 гр хељда брашно
  • 1 пециво
  • 150 гр урда
  • 50 гр печеница
  • 50 гр сирење
  • 125 мл масло
  • 185 мл кисела вода
  • 2 лажици сончоглед

Подготовка

Ни се допаднаа мафиниве, одлични се по вкус, па затоа ви ги препорачувам.
Подготовка
1. Јајцата ги матиме со миксер, додаваме масло и кисела вода, па ги додаваме брашната во кои сме го ставиле пецивото.
2. Во оваа смеса ги додаваме сечканата печеница, сечканото сирење, урдата и сончогледот.
3. Во намрсени и набрашнети калапи за мафини ставаме од смесата до 2/3 од калапот.
4. Ги посипуваме со сусам и сончоглед.
5. Ги ставаме да се печат во загреана рерна на 200 степени до поцрвенување.