Летно луто макало со модар патлиџан
Состојки
- 10-15 пиперки
- 2 лути пиперки
- 1 модар патлиџан
- 5-6 лукчиња
- сол и масло по потреба и вкус
Подготовка
Со топло лепче макалово одлично, а со сирење и со црвен домат е тоа е веќе гозба.
Подготовка
Испечете ги пиперките и модриот патлиџан на средна температура. Излупете ги и ситно исечкајте ги. Лукчето исечкајте го наситно, а можете и да го истолчите со малку сол. Сите состојки измешајте ги, малку истолчете ги до соединување, а при тоа додавајте масло по вкус и потреба.
Забелешка
Модрите патлиџани можете да ги печете на скара, на рингла или во рерна, ваш е изборот. Откако ќе ги испечете пиперките и доматот ставете ги во кеса малку да се „спурат“, зошто потоа полесно се лупат. Ако не сакате луто, не ставајте лути пиперки. Ако пак немате лути пиперки, а сакате луто додадете чили зачин.