Летен колач со диња (без миксер, без печење)
Состојки
- За подлога
- 100 гр бисквити
- 5-6 лажици млеко
- За фил
- 200 гр чистена диња
- 100 гр шеќер во прав
- 100 гр ореви и бадеми
- 200 гр бисквити
- 40 гр чоколадо
- За втор фил
- 400 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 1 лажица путер
- За трет фил
- 100 мл слатка павлака
- 10 гр рендано чоколадо
Подготовка
Лесен и вкусен, сезонски десерт кој се прави многу брзо бидејќи нема печење.
Подготовка
1. Ги редиме бисквитите во мала длабока тава. Ги попрскуваме со млеко.
2. Исчистената диња заедно со шеќерот во прав ја блендираме до соединување.
3. Ги додаваме мелените бадеми, ореви и бисквити. Соединуваме, па додаваме рендано чоколадо и пак соединуваме. Смесата ја распоредуваме врз бисквитите.
4. Млекото го ставаме на оган, а одделуваме од него за да го соединиме со прашокот за пудинг и шеќер. Кога млекото ќе почне да врие го ставаме пудингот и мешаме до згуснување. На крајот го тргаме и ставаме путер, пак соединуваме. Жешко го истураме врз првиот фил. Го оставаме да се лади.
5. На крајот матиме слатка павлака, премачкуваме и рендаме чоколадо.
Забелешка
Од сочноста на дињата ќе зависи колку бисвити ќе ви требаат во првиот фил, кај мене отидоа колку се запишани. Бисквитите кои ги ставаме на дното на тавата може да ги потопувате и целите во млеко па да ги редите. Дињата можете и само да ја испасирате и да ја соедините со шеќерот во прав.Слатката павлака може да ја изматите со рачна маталка.