Испечати

Крем супа со мешан зеленчук (посно, без масло)

Крем супа со мешан зеленчук (посно, без масло)

Состојки

  • 1 кромид
  • 1 пиперка
  • 3-4 печурки шампињони
  • 1/4 цвет од брокула
  • 1 морков
  • 2 лажици сушен зеленчук
  • 1/4 лажичка бибер
  • 1/2 лажичка куркума
  • Сол по вкус
  • 4-5 лажици маслиново масло

Подготовка

Богата крем супа, дури како густа чорба може да ја направите. Можете да ја подготвите во пости без масло ако го изоставите маслиновото масло. Ви ги пишав двете варијанти, искористете ги за ваша потреба.
Подготовка
1. Зеленчукот го сечкаме на крупно и го залеваме со вода.
2. Го ставаме на средна температура да врие додека да омекне.
3. Кога ќе омекне зеленчукот со рачен блендер го блендираме до кашаста состојба.
4. Ако е потребно долеваме вода, ги ставаме зачините и маслото и продолжуваме уште некоја минута со вриењето.

Забелешка
Во зависност дали сакате погуста или потечна состојба да има супата, така и ќе доставате вода. Зачините кои ќе ги ставите се по желба и вкус. Доколку постите без масло, во тој случај можете сосема да го изоставите маслиновото масло, може само така да помине, а може да додадете и една лажичка таан.