Крем салата со модар патлиџан, сирење и бадеми
Состојки
- 500 гр модар патлиџан
- 3-4 лажици сусам
- 100 гр сирење
- 50 гр шунка
- 50 гр бадеми
- 250 гр кисела павлака
- 1 мало чешне лук
- Масло сол, бибер по вкус
Подготовка
Летна салата со модар патлиџан во коцки. Се’ сечкаме на коцки и потоа соединуваме со кисела павлака, така добиваме лесна освежителна салата.
Подготовка
1. Модриот патлиџан го лупиме, го сечкаме на коцки, го посолуваме и оставаме ½ час да отстои.
2. Потоа го ставаме во чиста крпа и го завиткуваме за да го избришеме од течноста што ја пуштил.
3. Го упржуваме на 2-3 лажици масло. На крај од пржењето ставаме бибер и зачини по желба па го тргаме на страна да се излади.
4. Сусамот го пропржуваме до златна боја.
5. Бадемите исто ги печеме на тава на рингла. Откако ќе се изладат ги мелеме во блендер или Нутрибулет.
6. Шунката и сирењето ги сечкаме на коцки.
7. Лукот го сечкаме или го ставаме во мелницата за лук на делимано и добиваме совршени ситни коцкички.
8. Сите состојки, изладени, ги соединуваме со кисела павлака.