Колач со ванила пудинг, орев и розен кори
Состојки
- 1 паковање розен кори
- фил
- 270гр шеќер
- 300мл млеко
- 300гр мелен орев
- 150гр мелени бисквити
- 250гр путер
- 1 пудинг од ванила
- 300мл млеко
- 2-3 лажици шеќер
- декорација
- 100гр бело чоколадо
- 3 лажици масло
- 50гр црно чоколадо
- 1 лажица масло
Подготовка
Еве уште една верзија на моите омилени колачи со розен кори.
Во касерола на оган ги ставаме да се загреваат млекото и шеќерот.
Нека провријаат 2 минути.
Касеролата ја тргаме од оган, па додаваме путер.
Мешаме додека се растопи.
Ги додаваме и оревите, односно ги попаруваме со топлата течност.
На крај ги додаваме и бисквитите.
Соединуваме.
Во друга касерола го вариме пудингот во млекото, соединето со шеќер.
Кога ќе згусни го оставаме да се излади.
Потоа ги соединуваме филот од ореви со пудингот.
Земаме розен кора, ја поставуваме на даска за колачи.
Ставаме 4-5 лажици фил
Израмнуваме
Повторно кора, фил, кора, фил....
Најгорната кора не ја премачкуваме.
Покриваме со фолија и ставаме тежок предмет врз неа.
Оставаме на ладно 2-3 часа.
Потоа врз розенката прво нанесуваме бело чоколадо, па декорираме со црно чоколадо.
Сечиме на штангли и послужуваме.