Потпечени макарони со мелено месло и сос со топено сирење
Состојки
- 500 гр. макарони
- За сос од мелено месо
- 500 гр. мешано мелено месо
- 1 главица кромид
- 500 гр. доматно пире
- по вкус зачини-сол, мешан сув зеленчук, мелен црн пипер, босилек, оригано
- малку масло или путер
- За сос со сирење
- малку путер
- 2 лажици брашно
- 500 мл. млеко
- по вкус сол, мелен црн пипер, морско оревче
- 3 триаголничиња топено сирење
- 5 ленти кашкавал
Подготовка
Вкусен ручек...)))
Макароните се варат, плакнат со ладна вода и убаво се цедат.
На плитка мрснотија се пржи сецканиот кромид со малку сол, па се додава меленото месо. Се пржи додека промени боја. Се додава доматното пире и се динста кратко време.Се додаваат зачините.
За сосот со сирењето најпрво се пржи брашното на малку путер.
Кога благо ќе порумени се додава млекото и постојано се меша додека се згусни и почне да врие.
Тогаш се додава топеното сирење и се меша со жица убаво таа да се растопи.
Се додаваат зачините, по вкус.
Правоаголна тава се мрси, се истураат половина од макароните.
Над нив сосот со мелено месо.
Па другата половина од макароните.
Одозгора се излева сосот со сирењето.
Се ставаат да се потпечат во загреана рерна, околу 40 мин..
После 20-25 мин. се редат лентите кашкавал и се продолжува со потпекување додека се растопи кашкавалот и порумени.
На здравје!