Колач со банани и црвена рибизла (посно)
Состојки
- 150 гр брашно
- 50 гр интегрално пченично брашно
- прстофат сол
- 5 гр пециво
- 40 гр кафеав шеќер
- 200 гр банани
- 25 гр чоколадни капки
- 1 рака црвени рибизли
- 60 мл масло
Подготовка
Сув колач со единствен вкус, сладок, со мирис на банана, а со киселкаста нијанса и освежување што го даваат рибизлите во него, проткаен со чоколадни капки. Згора на се, посен.
Подготовка
1. За вклучуваме рерната на 180 степени да се загрее.
2. Во еден сад ги ставаме сувите состојки, брашната, солта и пецивото.
3. Бананата и шеќерот ги блендираме и заедно со маслото па ги додаваме во соединететите суви состојки.
4. Ги додаваме и чоколадните капки и промешуваме со лажица до соединување.
5. На крајот ги додаваме рибизлите и повторно внимателно и нежно соединуваме.
6. Смесата ја истураме во силиконски калап или на намрсено и набрашнето мало тавче.
7. Печеме до поцрвенување на 180 степени..
8. Го ладиме посипуваме шеќер во прав и сечеме парчиња по желба.
Забелешка
Користев замрзнати рибизли, а може и свежи. Пробајте со чепкалка дали е печен колачот пред да го извадите од рерна, ако е сува, печен е.