Испечати

Кифлички со праз и маслинки (хроно, посно)

Кифлички со праз и маслинки (хроно, посно)

Состојки

  • За тесто
  • 120 гр интег. Спелтино брашно
  • 180 гр ржано брашно
  • 100 гр јачменово брашно
  • 2 рамни лажички сол
  • 1 пециво
  • 5 лажици маслиново масло
  • 250 мл вода
  • За фил
  • 1/3 страк праз
  • 10 маслинки
  • За премачкување
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1 лажица брашно
  • Малку вода, сол
  • сусам за посип

Подготовка

Го замесуваме тестото од наведените состојки. Го расукуваме во голем круг и го сечкаме на 8-12 триаголници, во зависност колку големи сакаме да ни бидат кифлите. Празот и маслинките ситно ги сечкаме. Ставаме од филот на секој триаголник. Ги виткаме кифлите. Ги премачкуваме со не многу густа смесата за премачкување. Посипуваме во сусам. Ги печеме во загреана рерна на 220 степени додека да се испечат.