Испечати

Слатки ѓевречиња

Слатки ѓевречиња

Состојки

  • 1 квасец
  • маклу сол
  • 1 филџан шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 кг брашно
  • 250гр сусам

Подготовка

Квасецот да надојди.
Од сите состојки, освен сусамот се меси глатко тесто со млака вода.
Се остава да искисни.
Потоа тестото се дели на поситни делови, од кои се сучи кора.
Кората се сечи ко за кифлички.
Се виткаат како кифличките, само краевите не се стискаат со прсти, бидејќи тие треба да се спојат во вид на ѓеврече.
Во сад со вода се макаат, па во друг сад со сусам.
Се редат на плех и се печат.
Добар апетит!