Испечати

Кекси со фил од кафе

Кекси со фил од кафе

Состојки

  • За тесто
  • 230 гр брашно
  • 125 гр ладен путер
  • 20 гр какао
  • 130 гр кафеав шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • За фил
  • 50 гр слатка павлака
  • 150 гр бело чоколадо
  • 2 лажички инстант кафе

Подготовка

1. Ги просејуваме брашното и какаото и сите суви состојки ги соединуваме.
2. Го додаваме путерот исечкан на мали коцки и јајцето.
3. Mесиме за да добоеме еднолична топка која ја оставаме во фрижидер на 1 час.
4. Потоа земаме два листа хартија за печење ја ставаме топката тесто помеѓу и со помош на оклагија го расукуваме тенко на некои 2-3 мм.
5. Со калапче вадиме форми.
6. Печеме на 180 степени во загреана рерна околу 10-12 минути. Додека колачињата се ладат го правиме филот.
7. На тивок оган ја ставаме павлаката и кафето и промешуваме да се соединат.
8. Ја доведуваме до точка на вриење, ја тргаме на страна и го ставаме чоколадото, мешаме да се растопи и соедини.
9. Филот го ладиме до тој степен да не ние многу течен и да можеме со шприц или со лажичка да гo распоредиме на колачињата кое ќе бидат подлога, а со другата половина кои во мојот случај се со дупка ги ставаме и спојуваме.

Забелешка
Дел од шеќерот бидејќи ми беше многу крупен го сомлев во Нутрибулет, инаку ако е обичен бел шеќер нема потреба да биде во прав.
Користам делимано тавчиња за печење кои не ги ни намрсив. Доколку имате обични тавчиња ставете хартија за печење.