Испечати

Квргуша

Квргуша

Состојки

  • 1 кг пилешки гради
  • 6 јајца
  • 600 мл млеко
  • 180 гр брашно
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • Масло за готвење

Подготовка

Старински ручек подготвен со едноставни состојки, а многу вкусен и кој едногласно го одбираме да ни биде на мени.

Подготовка
Пилешките гради ги сечкаме на мали парчиња и на масло ги пржиме додека да се испржат убаво. Значи да им излезе течноаста и малку да поцрвенат. Ги зачинуваме по вкус. Јајцата ги матиме па во нив додаваме млеко и брашно, како и сол и ги соединуваме. Смеса налик на палачинки. Неколку лажици масло ставаме во тавата во која ќе ја правиме квргушата и ја ставаме во рерна добро да се загрее маслото. Ја вадиме загреаната тава и истураме половина од смесата со јајцата. Врз таа смеса го ставаме месото и повторно залеваме со течната смеса. Печеме на околу 200 степени околу 30-40 минути.