Испечати

Каша од свежи печурки шампињони (посно)

Каша од свежи печурки шампињони (посно)

Состојки

  • 100 гр свежи шампињони
  • 2-3 лукчиња
  • 600-700 мл вода
  • 1 лажичка мешан сув зачин
  • 1/2 лажичка куркума
  • 1/2 лажичка бибер
  • прстофат оригано
  • Сол по вкус
  • Малку маслиново масло

Подготовка

Кашава ептен ми се допаѓа, има интензивен вкус и мирис на печурки. Ја смисли сопругот, па и тој за прв пат ја направи, а јас ја презентирам зошто ептен ја бендисав.

Подготовка
1. Печурките ситно ги сечкаме и ги ставаме на масло да се пропржат.
2. Го додаваме ситно насечканото лукче, го пржиме колку да пушти мирис.
3. Додаваме топла вода кон печурките. Брашното го промешуваме во неколку лажици ладна вода, да нема грутчиња.
4. Го додаваме кон водата со печурките и мешаме додека да згусне.
5. Ги додаваме и зачините.