Здрави брускети со мед, ѓумбир и ореви
Состојки
- 4 кришки црн леб
- 50 мл мед
- 1 ѓумбир
- 25 гр ораси
- 1 лимон
- малку цимет
Подготовка
Еден убав и здрав појадок.
Парчињата леб потпечете ги на тостер, прелијте со мед.
Ѓумбирот, оревите и кора од лимон изрендајте на ситно ренде врз лепчиња.
На крај наросете со малку цимет.
Уживајте со шоља топол чај.
Добар апетит!