Златен ослич
Состојки
- 1 кг ослиќ
- 10 лажици пченкарно брашно
- 1 лажица куркума
- 1-2 лажици мешан сув зачин
- прстофат бибер
- Сол по вкус
- Масло за пржење
Одличен вкус и боја се добива со валкањето на осличот во овие состојки, барем на нас ни се допадна, а вие пробајте го предлогов.
Подготовка
Осличот го оставаме на собна температура да се одмрзне малку, ама не сосема. Потоа му ја отстрануваме кожата. Го сечеме на парчиња. Останатите суви состојки ги мешаме убаво. Парчињата риба ги валкаме во измешаните суви состојки и ги пржиме во загреано масло.