Испечати

Зелен намаз (посно, хроно)

Зелен намаз (посно, хроно)

Состојки

  • 1 авокадо
  • 50 гр маслиново масло
  • 100 гр семки од тиква
  • 1 чешне лукче
  • 5-6 лажици сок од лимон
  • 3-4 лажици сенф
  • 1/2 лажичка сол
  • 1/2 лажичка бибер

Подготовка

Започнаа и овие Божиќни пости. Еве предлог од мене за интересен и необичен намаз кој може да го користат и хронерите, сите што постат, а и оние што не постат, зашто може да се користи и како намаз во комбинација со млечни производи или месо.

Подготовка
1. Авокадото го сечкаме на половина му ја отстрануваме семката и му ја лупиме кората.
2. Лукчето го лупиме и заедно со маслото и авокадото го ставаме во Нутрибулет или блендер добро да се изблендира, да се направи како мајонез.
3. Овде ги ставаме сокот од лимон, биберот, солта и сенфот, пак соединуваме со блендирање.
4. Семките од тиква ситно ги мелеме. Ги додаваме кон смесата. Добро промешуваме да се соедини целата смеса.

Забелешка
Семките од тиква ги мелев исто во Нутрибулет. Во оваа доза влегуваат сите овие состојки што ми се напишани, а вие можете да одземете количина или да додадете, сепак се работи за вкус. За сите што не се на хроно, може да користат сончогледово масло. Напишав мало чешне лук затоа што има и големи главици на лук, па да не го направите прејак намазот, ама сепак се работи за вкус, па како сакате ги комбинирате состојките, по количество. Од оваа доза излегува една мала тегличка.