Есенски сладок леб
Состојки
- 1 јајце
- 140 гр кафеав шеќер
- 50 гр путер
- 230 гр пире од печена тиква
- 250 гр брашно
- 2 лажички пециво
- 1 лажичка сода бикарбона
- прстофат сол
- 1 лажичка цимет
- 1/2 лажичка морско оревче
- 60 гр брусница
- 50 гр бадеми
Подготовка
Прекрасен опоен мирис се ширеше низ нашиот дом додека се печеше овој леб-колач.
Подготовка
Со рачна маталка ги соединуваме растопениот путер, изладеното пире од тиква, шеќерот и јајцето. Сувите состојки ги соединуваме заедно со сечканата брусница и сечканите бадеми. Сувите состојки ги додаваме на 3-4 пати во течните состојки со мешање со лажица. Убаво ги соединуваме и смесата ја истураме во намрсен и набрашнет калап. Печеме на 180 степени околу 1 час. Го вадиме од калапот и откако ќе се излади го наросуваме со шеќер во прав.
Забелешка
Внимавајте при печењето да не ви остане лебот /колачот жив внатре. Бидејќи е доста висок јас пробувам со стапче за ражничи дали колачот е печен. Ако е стапчето влажно треба уште да се пече. Ако користите вентилатор во рерната вртете го калапот од сите страни да се испече. Јас го печев со вентилатор со тоа што некаде на половина печење го покрив лебот со хартија за печење за да не ми загори. Го печев во делимано силиконскиот калап и не го ни намрсив и набрашнив. Иако без ништо колачот многу лесно се вади од калапот. Сечеме откако ќе се излади.