Егзотични вафли
Подготовка
Супер вкусни посни вафли, лесни за подготовка како и одличен десерт за ненајавени гости.
Подготовка
Сувите состојки брашно, какао, пециво, кората од портокал, циметот, солта и шеќерите ги промешуваме во еден сад.
Бананата ја блендираме во Нутрибулет или друг блендер. Маслото и сокот од портокал заедно со пасираната банана ги мешаме во сувите состојки до соединување. Апаратот за вафли го премачкуваме со масло и го вклучуваме да се загрее. Ставаме од смесата и чекаме да се испече.
Забелешка
Знам дека нема секој ваков ситен шеќер што јас го користам, ама може да си додадете прстофат ѓумбир како и мелени аранчини во замена, ама и не мора. Овде се работи за вкус и навика, јас често знам да го додадам или посипам со него и затоа го пишувам. Ако сакате можете да си додадете и ванилин шеќер. Премачкувањето на апаратот е најлесно со силиконска четка, ама па можеби имате апарат кој не се премачкува, вие си знаете. Мојот е од некој посебен материјал кој мене не ми личи на тефлон или нешто такво слично, не лепи ама пак затоа редовно го правам премачкувањето, мислам дека така е најдобро. Од оваа доза со мојот апарат излегоа две вафли, а вие најдобро знаете за дозирање на смесата во вашиот апарат.