Испечати

Гурмански ручек

Гурмански ручек

Состојки

  • За ќофтињата
  • 500 гр мелено месо
  • 2-3 лажици лебни трошки
  • 1 лажица мешан сув зачин
  • 2-3 лажици јогурт или млеко
  • 1 рендан кромид
  • Останати состојки
  • 200 гр сечкана сланина
  • 1 кг варен компир
  • 200 гр кисела павлака
  • 3 јајца
  • 100 гр сирење
  • 100 гр сланина на листови
  • 125 гр моцарела
  • 100 гр кашкавал
  • 100 гр кисела павлака

Подготовка

Вкусен, превкусен ручек , кој е исто така и многу калоричен, ама понекој пат мора и ваков ручек да се направи.

Подготовка
1. Меленото месо го мешаме со останатите состојки и го оставаме во фрижидер да се соединат вкусовите. Ги формираме ќофтињата и ги пржиме на малку масло во грил тава.
2. Во делициа ростер тава или тавче со таква големина го редиме варениот компир сечкан на коцки. Врз него ја ставаме сланината сечкана на коцки и тавата ја ставаме во рерна да се потпечи на 200 степени неколку минути или додека да се запече и пушти сланинана.
3. Во нутрибулет или блендер ги ставаме сирењето, јајцата и киселата павлака, матиме. Оваа смеса ја ставаме врз потпечените компири и сланината, па ги редиме ќофтињата и врз секое ставаме парче тенка сланина. Повторно го враќаме во рерна, кратко, колку да се потстопи сланината.
4. Потоа ставаме на секое ќофте по едно лажиче кисела павлака и парче моцарела. На крајот рендаме кашкавал врз сите состојки во тавата. Ја враќаме тавата во рерна и потпекуваме додека да се стопи кашкавалот и да се соединат сите состојки кои ги ставивме врз компирите.

Забелешка
Меленото месо го подготвив од вечер, а утредента ги пржев ќофтињата. Најдобро е ручеков да се направи и извади од рерна непосредно пред служење. Не одзема многу време ако ви е се подготвено (сварен компир, подготвени ќофтиња и исечкани состојки), освен некоја минутка печење.